Задржаните во Украина руски новинари од телевизискиот канал „Ѕвезда“ Андреј Сушенков и Антон Малишев се живи и здрави, соопшти сопственикот на „Краснаја ѕвезда“ Алексеј Пиманов, пренесува ИТАР-ТАСС.
Според Пиманов преземени се сите мерки за репортерите да бидат ослободени во најбрз можен рок. За тоа лично се ангажирал и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
Новинарите Сушенков и Малишев беа задржани на 6 јуни, откако пристигнаа во Доњецката област.