Забрана на продавници за медицинска марихуана во Лос Анџелес

Од:

Градскиот совет на Лос Анџелес вчера едногласно изгласа забрана за сите продавници за медицинска марихуана, што претставува удар за индустријата, која ги прекршува федералнитезакони, но е распространета во Калифорнија.

Забраната, за која гласаа 14 советници а ниту еден не беше против, резултира со спротивставени судски одлуки за тоа до каде се простира правото на државата во кампањата против продавниците за канабис.

Во 1996 година гласачите во Калифорнија беа првите кои ја дозволија дрогата како лек, што овозможи отворање на вакви продавници. Сега 17 држави и федералниот округ Колумбија ја дозволуваат марихуаната за медицински цели, но федералната Влада тврди дека таа е опасен и незаконски наркотик и ги затвори ваквите продавници во неколку држави.

Во Лос Анџелес има околу 750 регистрирани и уште 200 без редовна регистрација вакви продавници. Според мерката, одобрена од Советот, и едните и другите продавници ќе мораат да затворат за 30 дена, откако градоначалникот Антонио Виларагоса ќе го стави својот потпис.

Иако индустријата за продажба на медицинска марихуана претрпе неколку неуспеси во последните години, приврзаниците на целосната легализација го прошируваат својот фронт против администрацијата на претседателот Барак Обама. Жителите на државите Вашингтон, Колорадо и Орегон во ноември ќе гласаат за дозволување на дрогата за лекување и покрај федералната забрана.

Забраната во Лос Анџелес најверојатно ќе биде оспорена на суд, како што се случи со претходните обиди на градските власти за вршење контрола врз продавниците.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак