Забележани над педесет антимуслимански акти во Франција по атентатот во „Шарли ебдо“

Од:

Над педесет антимуслимански акти беа забележани во Франција по џихадистичкиот атентат против сатиричниот неделник „Шарли ебдо“, соопшти денеска Опсерваторијата за борба против исламофобијата на Францускиот совет за муслиманска вероисповед, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Советот притоа ја повика државата да „го засили чувањето“ на џамиите. Притоа Абдалах Зекри, ги наведува бројките на Министерството за внатрешни работи на Франција, според кои имало 21 акција (на стрелба, фрлени рачни бомби…) како и 33 закани (писма, навреди итн.) беа забележани од минатата среда.

Оваа статистика не се однесува само на Париз и на неговите блиски периферни градови и во неа не е опфатен на пример подметнувањето на пожар на местото каде се гради џамија во Поатие, појасни претставникот на муслиманскиот совет, кој притоа рече дека е „скандализиран“ и дека „ова никогаш не е забележано“ за помалку од една седмица.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата