За УНРВА не се доволни 130 милиони долари од донатори

Од:

Меѓународните донатори ветија повеќе од 130 милиони долари на Агенцијата на ОН за помош на палестински бегалци (УНРВА), која шефот на организацијата ја опиша како „охрабрувачка, но недоволна“ за својата работа до крајот на оваа година.

Агенцијата за помош на бегалци на ОН се наоѓа во финансиска криза уште од 2018 година, кога САД се повлекоа од финансирањето, што направи огромен недостаток.

Генералниот директор на УНРВА, Филип Лазарини, изјави дека донациите се мал дел од 400 милиони американски долари потребни за да се надомести за дефицитот од 1,2 милијарди американски долари во буџетот на УНРВА.

УНРВА е основана да им помогне на 700.000 Палестинци кои избегале или биле протерани за време на војната, кога е основана државата Израел во 1948 година. Агенцијата плаќа за храна, образование и здравствена заштита за околу пет милиони Палестинци во Либан, Сирија, Јордан, Западниот Брег, Појасот Газа и Источен Ерусалим.

Лазарини рече дека засега ниту една од основните услуги на УНРВА нема да биде укината, но „навистина не останува ништо друго“.

Би можело да ве интересира

Како гласаa Македонија и регионот за резолуцијата со која се зацврстува статусот на Палестина во ОН

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина

Генералното собрание на ОН треба да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски