За три дена најмалку 37 жртви од студ и лавини во Авганистан

Од:

Најмалку 37 лица загинале во Авганистан поради силниот студ, обилните снежни врнежи, дождови и лавини во последните три дена, пренесе ДПА, повикувајќи се на локалните власти.

– Други 16 лица се повредени во 25 провинции низ земјата – изјави портпаролот на авганистанската служба за борба со природните несреќи, Омар Мохамади.

Најмногу е погоден северен Авганистан. Шеснаесет лица загинаа и над десетина се повредени во провинциите Бадахшан и Сар е Пул, каде лавините затрупаа куќи.

Многу патишта во централниот и северниот дел на земјата и натаму се затворени. Врз автопатот Саланг, што ги поврзува северен и централен Авганистан, од минатата недела има паднато дури 33 лавини.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан