За шест дена штетите во економијата на Хонг Конг се над 350 милиони долари

Од:

Економијата на Хонг Конг загуби најмалку 2,8 милијарди хонгконшки долари (357 милиони американски долари) во немирите во изминатите шест дена. Тоа го објави денеска Саут морнинг пост, повикувајќи се на локални експерти.

Аналитичарите велат дека штетата во трговијата на мало, транспорт, ресторани и хотели во текот на викендот и понеделникот достигна 1,9 милијарди хонгконшки долари (242 милиони долари).

Загубите на операторот на метрото – компанијата Ем Тир (МТР) во текот на викендот може да достигнат 500 милиони хонгконшки (63,7 милиони американски долари). Во саботата, за прв пат во историјата, метрото престана да работи целосно по актите на вандализам од страна на демонстрантите, а во неделата системот беше делумно оперативен.

Поради хаосот и транспортниот колапс, многу трговски центри, продавници и ресторани останаа затворени. Резервациите во хотелите се намалија од 95 до 50 проценти, и покрај големите попусти за ноќевања.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше