За Кремљ избори во Романија се многу „чудни“

Од:

Кремљ доцна вчера ги опиша претседателските избори во Романија како „чудни“, велејќи дека прорускиот кандидат кој победи на поништените избори минатата година бил неправедно дисквалификуван.

Проевропскиот центрист Никусор Дан го победи десничарскиот и националистички ривал во вториот круг на изборите во неделата, откако фаворитот на изборите во 2024 година, Калин Георгеску, беше дисквалификуван бидејќи романските власти тврдеа дека Русија се вмешала во изборите во негова корист.

Овие избори беа чудни, благо речено, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Русија претходно негираше каква било улога во кампањата на Георгеску и ги обвини романските власти дека ја спречуваат неговата кандидатура од политички причини.

Победата на Дaн им донесе олеснување на центристичките носители на одлуки во Брисел, каде што постојат загрижености дека јавното незадоволство поради миграцијата и високите трошоци за живот би можело да доведе до поголема поддршка за крајнодесничарските партии и да го оштети единството на континентот кога станува збор за односите со Русија.

Основачот на комуникациската платформа Телеграм, Павел Дуров, кој е роден во Русија и има државјанство на Франција и Обединетите Арапски Емирати, одделно изјави дека бил под притисок од француските разузнавачки служби да ги „замолчи“ гласовите на поддршка за десничарскиот кандидат Жорж Симион, кој вети дека ќе ја прекине воената помош за Украина.

Песков за тврдењата на Дуров рече дека „фактот дека европските земји, Франција, Велика Британија, Германија, се мешаат во внатрешните работи на други земји не е новост“.

Француската служба за надворешно разузнавање ги негираше обвинувањата на Дуров, на кого не му е дозволено да ја напушти Франција, каде што во моментов е под истрага за сомнение за злоупотреба на Телеграм за организиран криминал.

Би можело да ве интересира

Захарова: Ако Западот навистина сакаше мир, ќе престанеше да испорачува оружје во Украина

Зеленски: Притисокот врз Русија не слабее, подготвуваме повеќе проблеми за непријателот

Руската воздушна одбрана уништи 54 украински дронови

Жестоки борби околу Покровск: Русите тврдат дека влегле во градот и освоиле уште три села

Мајка и татко загинаа спасувајќи го деветмесечното бебе од водите на Дунав

А1он

Русите објавија видео од местото на падот на патничкиот авион

А1он