За Гинис, со своите тела во море го формираат знакот за мир

Од:

Група од 460 лица успеа да влезе во светската книга на рекорди, откако ги здружи силите во северозападниот турски округ Бурса, за да формира, најголем во светот, пловечки знак на мирот од човечки тела, објави весникот „Хуриет”.

Групата, која вчера се собра во пристанишниот град Мудања до Бурса, во рамките на прославата на Денот на победата во Турција, влезе во Мраморното Море од плажата Кумјака и го формираше знакот на пацифизмот, и остана неподвижна во морето пет минути за да го обезбеди рекордот.

Обидот беше регистриран како најголем знак на мирот во светот од претставникот на Гинисовата во Турција Шејда Субаши Гемиџи.

Претходниот рекорд на Гинис за најголем пловечки знак на мирот беше поставен во Јордан, каде 262 луѓе останаа да пливаат во оваа фигура речиси 10 минути крај брегот на Мртвото Море во 2014 година.

Би можело да ве интересира

Почина веројатно последната личност родена во 19. век

Ана Ололовска

Соборен рекордот во менување автомобилски гуми

Ана Ололовска

ВИДЕО: Џои Честнат од САД изеде рекордни 76 виршли одеднаш

Ана Ололовска

Швајцарски кројач соши панталони од 70 метри

Ана Ололовска

Новиот женски рекорд за најбрзо искачување на Еверест, ѝ припаѓа на планинарка од Хонг Конг

Ана Ололовска

ВИДЕО: „Пуцвал“ за Гинис – Симон Вилијамс е горда сопственичка на најголемата афро-фризура во светот

Жарко Настоски