За ЕУ рускиот напад на зградата во Днепар е воено злосторство

Од:

Смртоносниот руски напад врз станбена зграда во Дњепар, во Украина е „воÐ �но злосторство“ чии сторители мора да бидат кривично гонети, соопшти денеска шведското претседателство со Европската унија.

На заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, шведскиот премиер Улф Кристерсон го осуди „страшниот напад“.

„Намерните напади врз цивили се воени злосторства и одговорните за нив мора да бидат кривично гонети онолку долго колку што е потребно“, рече тој, по нападот што се случи во саботата и за кој Кремљ ја отфрла одговорноста.

Шведска и Европската унија „најостро ги осудуваат систематските и повторени напади на Русија врз цивили, цивилен имот и критична инфраструктура во Украина (…), вклучително и ракетниот напад врз зграда во Дњепаро во саботата“, рече шведскиот премиер.

Во тој напад загинаа најмалку 40 луѓе, а се трага по уште 30, изјави градскиот функционер Генадиј Корбан. Тој додаде дека се повредени 75 лица, меѓу кои 14 деца.

Бројот на жртви може да биде поголем. Ова е еден од најголемите напади врз цивили од почетокот на конфликтот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

ВИДЕО: Снимен моментот на ударот во Суми

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Над 30 мртви во масакрот во центарот на Суми

ВИДЕО: Страотен руски напад на Суми, има мртви

Катерина Ѓуровски

Ракетен напад на Днепар, бројот на ранети се зголемува