За еден ден речиси 200 луѓе починаа од Ковид-19 во Мексико

Од:

Речиси 2.000 нови случаи на заболени од коронавирус регистрирани се во Мексико, соопштуваат тамошните власти. Вкупниот број заболени во земјата достигна до 31.522.

Во последните 24 часа починале 199 луѓе, со што вкупниот број жртви од Ковид-19 достигна до 3.160, пренесува „Си-ен-ен“.

Во главната Градска болница на пограничниот град Тихуана заразен е голем број од медицинскиот персонал, па на одделни катови од болницата нема кој да се грижи за пациентите, пренесува „Ројтерс“.

Во Тихуана, според соопштението на Министерството за здравство, смртноста е двојно повисока од националниот просек.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страв и паника кај миграните: Тихуана е во вонредна состојба

ВИДЕО: Серија разорни земјотреси, паника во Мексико

ВИДЕО: Мексиканец се обидел да киднапира авион и да го упати кон САД, го спречиле патниците

ДЕА: 15 милиони долари за информации што би довеле до апсење на Ел Менчо, водач на озлогласениот картел CJNG

А1он

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел