За четири години исчезнале 39.370 баратели на азил во Австрија

Од:

Австриската ревизорска комисија, во својот нов извештај, упати остри критики за праксата на протерувања која се спроведува во земјата.

Според извештајот, во периодот меѓу 2010 и 2014 година бројот на лица кои добиле негативен одговор на барањето за азил, но чие протерување не е документирано, се зголемил од 54 на 57 отсто. Станува збор за вкупно 39.370 луѓе кои исчезнале, односно за чие престојување не постои доверлива информација, критикуваат ревизорите.

Документот покажува дека 27 отсто од тие лица се по потекло од Африка, 26 проценти од Европа, а 20 отсто се од Азија.

Ревизорската комисија утврдила дека бројот на документирани доброволни напуштања на Австрија бил поголем отколку оној на протераните и укажува дека тоа е поврзано со финансиската поддршка која ја дава Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин