За 20 години направил реплика на арката на Ное

Од:

Следејќи ги деталите од библијата холаѓанецот Јохан Хуиберс, направил брод долг 130 метри, широк 29 метри и висок 23 метри ист како на Ное.

Тој работел на арката цели 20 години и успеал во неговата намера, целосно придржувајќи се според правилата од Библијата и арката е во функција во целост.

Инаку, Хубиерс е градежник по занимање, и решил да ја направи арката која е укотвена кај градот Дордрехт, јужно од Ротердам.

Иако не е доволно голема за да собере по два примерока од сите животни на земјата, сепак бродот е полн со разни пластични и полнети животни, како што се бизони, горили, зебри, лавови, тигри, мечки и многу друго.

Вистински животни, кои се полесни за чување, има на арката, а меѓу нив се пони, кучиња, овци, зајаци и егзотични птици.

На неговиот брод има и ресторан, кино за 50 луѓе, игри за деца, и секаде се прикажани сцени од животот на Ное.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ