За 12 секунди избегнат судар на три авиони во САД

Од:

Три патнички авиони со околу 200 патници се нашле на рута на речиси сигурен судир над аеродромот Reagan National во Вашингтон, објави во четвртокот The Washington Post во четвртокот.

Контролата на летањето насочила два авиона во полетување, точно кон трет кој се подготвувал за слетување. Сите три авиони ѝ припаѓале на компанијата US Airways, потврдиле од сојузните власти кои за весникот рекле дека биле известени за случајот.

На крајот авионите среќно стигнале на своите дестинации, но за влакно бил избегнат судар кој според весникот е само уште една од неколкуте илјади грешки на американската контрола на летање во последните неколку години.

Аеродромот Reagan National се посочува како најистакнат во смисла на бројноста на инцидентите, меѓу другите и според ланскиот случај во кој еден контролор спиел и не реагирал кога регионалниот контролор сакал да му предаде авион за слетување.

Последниот инцидент се случил во вторникот околу 14 часот по локално време, во моментот кога голем број пристигнувачки летови чекале ред за слетување на главната писта. Меѓутоа се приближувала бура и поради ветрот контролата од Варентон сакала да ја измени траекторијата на слетувањето.

Контролата во Варентон го јавила планот на контролата на летање на Reagan National.

„Контролната кула се согласи, но таа информација не ја проследила на оние кои требаше” – изјавил сојузен фунцкионер запознат со случајот, но без официјално одобрување да зборува за инцидентот.

Оттаму се случило еден авион да добие дозвола за слетување да се најде свртен директно наспроти два други авиона кои штотуку полетувале. Според бризната со која летале воздухопловите, аеродромските власти заклучиле дека биле на околу 12 секунди од директен судар кога контролната кула ја открила грешката.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски