За 12-дневната војна со Иран, Израел потроши неколку милијарди долари

Од:

Израел ја процени штетата предизвикана од 12-дневната војна со Иран на 3 милијарди долари.

– Ова е најголемиот предизвик со кој се соочивме, никогаш немало толку многу штета во историјата на Израел, рече Шаи Ахароновиќ, генерален директор на Израелската даночна управа, според Блумберг.

Министерот за финансии Безазел Смотрих рече дека вкупните трошоци од војната би можеле да достигнат дури 12 милијарди долари, додека гувернерот на Банката на Израел, Амир Јарон, рече дека сумата нема да надмине околу 6 милијарди долари.

Ахароновиќ нагласи дека средствата ќе треба да се издвојат не само за поправка на зградите погодени од ракети, туку и за исплата на надомест на локалните бизниси.

За време на 12-дневната кампања, израелската економија беше речиси целосно затворена, вклучувајќи ги сите училишта и бизниси освен оние означени како неопходни.

Израелската влада ќе плати околу 1,5 милијарди долари на компаниите што останаа отворени.

Би можело да ве интересира

Калас: Израелските акции сериозно го загрозуваат примирјето

Израел: Ја убивме „десната рака“ на водачот на Хезболах

Израел: Убивме клучен терорист – дејствуваше под маската на новинар на Ал Џезира

Врховниот лидер на Иран прогласи победа над Америка

Горан Наумовски

Израелските одбранбени сили ќе воспостават нова безбедносна зона во Јужен Либан

Иран: САД мора да изберат дали сакаат војна или мир