Windows Live Messenger официјално заминува во пензија на 15 март годинава, кога сите корисници ќе бидат префрлени на „Скајп“, објави „Мајкрософт“.
„Месинџер“ во иднина ќе биде достапен само во Кина.
„Мајкрософт“ го купи „Скајп“ во октомври 2011 година по цена од 8,5 милијарди долари, наведува порталот „Машабл“.
Минатиот ноември претседателот на „Скајп“ Тони Бејст потврди на својот блог дека „Месинџер“ ќе биде укинат во првиот квартал од 2013 година.