Вулканот Синабунг на северот од индонезискиот остров Суматра, кој почна да исфрла лава во понеделникот не се смирува. Властите препорачаа населението, во радиус од 15 километри од кратерот, да остане приправно и подготвено за евакуација, бидејки сеизмолозите очекуваат нови, поголеми ерупции.
Новата ерупција, според експертите што вршат мониторинг на активностите на вулканот, не може да се предвиди со сигурност, но извесно е дека ќе се случи деновиве.
Вулканот Синабунг мирувал цели четири века, а се разбуди пред три години. По првата ерупција, во интервали од шест до седум месеци имало нови, секој пат поинтензивни исфрлања на лава. Височината на последните ерупции не може да се утврди поради маглата што ја создаваат големи облаци од чад и пепел, а истопената лава се стврднува на околу 3,5 километри од кратерот.