Синоќа се активирал вулканот Попокатапетл, кој што се наоѓа во близина на Мексико Сити, исфрлајќи пепел во висина од над три километри.
– Ерупцијата на Попокатапетл достигна височина од три илјади метри, напиша на Твитер, националниот координатор на силите за цивилна заштита на Мексико, Луис Фелипе Пуенте.
Тој предупреди на можноста од паѓање пепел врз реоните во близина на вулканот и го повика населението да дејствува согласно пропишаните мерки.