Вулканот Калбуко во Чиле и денеска продолжи да исфрла пепел

Од:

Вулканот Калбуко, во јужно Чиле, што вчера неочекувано се активира, и денеска продолжи да исфрла пепел заради што се откажани сите летови од околните градови на територијата на Чиле и соседна Аргентина, пренесоа британските медиуми.

Вулканот, чија последна голема ерупција била во 1961 година, се наоѓа крај месноста Пуерто Варас, на околу 1.000 километри јужно од главниот град Сантјаго. Од вчера тој во воздухот исфрла огромен столб од пепел и чад, што достигнува височина од приближно 20 километри .

Според податоците на властите денеска околу 4.000 лица биле евакуирани од реоните непосредно до вулканот. Спасувачките служби ги фокусираат своите напори врз малиот град Енсенада, на околу 15 километри од Калбуко.

Алпинист, кој на почетокот на ерупцијата случајно се нашол во близина на врвот на вулканот, се води за исчезнат.

Летовите од блискиот чилеански град Пуерто Монт се откажани, бидејќи вулканската пепел може да им наштети на авионите и летањето да го направи опасно. Од другата страна на чилеанско-аргентинската граница, во близина на аргентинскиот град Барилоче,
исто така,има откажани летови, а училиштата денеска останаа затворени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

ВИДЕО: Силен земјотрес и ерупција на вулкан во Русија

ВИДЕО: Еруптираше еден од најактивните вулкани во светот

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски