Вулкан на полуостровот Камчатка четврти пат се активира за една недела

Од:

Вулканот Жупановски, кој се наоќа на рускиот полуостров Камчатка, утринава по четврти пат изминатава недела исфрли пепел во висина од четири километри над морското ниво, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Самиот вулкан е висок речиси 3.000 метри и се наоѓа на 100 километри северно од градот Петропавловск-Камчатски.

При претходните активирања облакот од пепел достигнал 8.000 метри.

По денешната појава веднаш е активиран портокаловиот сигнал за опасност за воздушни летови во регионот, а на туристичките агенции им е препорачано да не организираат тури во областа околу вулканот.

Последен пат Жупановски се активирал во 1956-1957 година и досега никогаш немал катастрофални последици.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

ВИДЕО: Силен земјотрес и ерупција на вулкан во Русија

ВИДЕО: Еруптираше еден од најактивните вулкани во светот

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски