Вулкан на Филипините се заканува со експлозивна ерупција

Од:

Филипинските власти побараа целосна евакуација на речиси еден милион луѓе во близина на главниот град Манила, откако вулкан почна да исфрла пепел во височина од 14 километри, предупредувајќи дека постои можност од „експлозивна ерупција“.

Вулканот Tал, еден од најактивните во земјата, почна да исфрла лава и постојано се активира, што е евентуална најава за поголема и поопасна ерупција.

Филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија го зголеми нивото на предупредување на четири степени, што значи дека може да дојде до „експлозивна ерупција“ во следните часови или денови.

Владата времено прекина со работа, а училиштата се затворени во повеќе градови, поради ризик по здравјето од вулканскиот пепел. Откажани се и стотици авионски летови.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски