Вулкан и се заканува на Јапонија: Научници предупредуваат на можна ерупција на планината Фуџи

Од:

Силниот земјотрес, кој пред повеќе од три години ја погоди Јапонија и заедно со цунамито уби повеќе од 15.000 лица, направи материјална штета од 25,5 милијарди евра, но предизвика и тектонски пореметувања под вулканската планина Фуџи.

Научниците стравуваат дека Јапонија наскоро би можело да ја зафати ерупција на вулкан, слична на оваа од далечната 1707 година. На ерупцијата на Фуџи, поради која загинале околу 20.000 лица и претходел земјотрес со јачина од 8.7 степени според Рихтеровата скала.

Јапонските научници во соработка со нивни колеги од Институтот во Гренобл и Институтот за глобална физика во Париз, спроведоа истражување кое објснува на кој начин земјотресите влијааат на вулканите и како да се намалат последиците од масивните вулкански ерупции, ширум светот.

-Нашето истражување не покажа дека ќе дојде до ерупција на вулканот, но упатува на тоа дека состојбата на вулканската планина Фуџи е крајно сериозна- рече Флорент Бренги, еден од истражувачите.

fuji-m

Научниците со анализа на сеизмичките податоци за земјотресот од 2011 година, за прв пат дојдоа до заклучок дека потресите на тлото не биле најсилни во регионите каде што пукнатините на Земјината кора се најголеми.

Тие лоцирале најголеми пукнатини токму под планината Фуџи, а се верува дека тоа е поради магмата и врелата вода, кои што се заробени под вулканот.

Доктор Бренги откри дека истражувањето покажало дека може да се очекува нов земјотрес во близина на планината Фуџи.

-Во радиус од 100 километри од светата планина се очекува нов потрес. Доколку тој биде разорен, ќе се зголеми ризикот од ерупција на вулканот Фуџи- тврдат научниците и додаваат дека засега нама потреба за евакуација на граѓаните, но предупредуваат дека сите мора да бидат претпазливи.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија