Облаци од пареа и пепел повремено изглегуваат од активниот вулкан Павлоф на Аљаска, достигнувајќи висина од 6.100 метри, соопшти американската Опсерваторија за вулкани на Аљаска.
Пепелта прв пат е забележано во вторник вечер, кога достигна висина од 4.570 метри.4
Пилот на еден авион во среда извести дека висината на пепелта достигна 6.100 метри и се шири во правец на североисток од вулканот, одалечен околу 1.000 километри југозападно од Енкориџа на Алеутските острови.
Опсерваторијата соопшти дека од северозапандата страна на вулканот истекува лава.
Елена Георгиевска