Светската здравствена организација (СЗО) не може да ги потврди информациите дека вакцината против Ковид-19 на компанијата „АстраЗенека“ може да го загрози здравјето на луѓето, изјави денеска Мелита Вујнович, претставник на СЗО во Русија, за радиото „Ехо на Москва“.
– Сите вакцини, особено новите, се предмет на специјален фармаколошки надзор. Ова значи дека секој случај на сериозно влошување на здравјето веднаш се испитува од страна на специјална комисија според посебен протокол. СЗО испитува дали има врска помеѓу вакцинацијата и случајот (на влошување на здравјето), рече Вујнович.
– Во моментов немаме докази дека овие случаи се предизвикани од вакцинација со „АстраЗенека“, додаде таа.
Претходно, Данска, Исланд и Норвешка ја прекинаа употребата на вакцините на „АстраЗенека“ по информации за формирање тромб кај вакцинирани лица.