Вухан го заврши масовното тестирање на 11 милиони жители

Од:

Кинескиот град Вухан го заврши масовното тестирање на сите речиси 11 милиони жители за евентуално присуство на коронавирусот во нивните тела. Во тестирањата се откриени 300 асимптоматски вектори и нема активни случаи на Ковид 19.

Овие 300 лица, кои немаат симптоми на инфекцијата, биле испратени во изолација.

Пандемијата на коронаравирусот се верува дека потекнува од Вухан, град што потоа беше во карантин 76 дена и во кој беа регистрирани околу 50.000 заразени.

Тестирањето беше спроведено во втората половина на мај и го опфати секој жител на градот кој веќе не бил тестиран. Не се тестираа само децата под шестгодишна возраст, пренесуваат британските медиуми.

-Ова е исклучително ретко било каде во светот. Не само што ја покажа самодовербата и решеноста во борбата против епидемијата во Вухан, туку служи и како патоказ за другите градови во превенцијата, изјави експертот од Национална здравствена комисија Ли Ланџуан.

Заменик-градоначалникот Ху Џабо изјави дека градот Вухан потрошил 126 милиони американски долари на тестовите, што, како што кажа, вредеше, бидејќи Вухан сакал да ги увери жителите и луѓето ширум Кина дека епидемијата е минато и за повторно да ја рестартира локалната економија, објави Ксинхуа.

Би можело да ве интересира

Во Бугарија почина лекар од коронавирус

А1он

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

А1он

Се разгорува епидемијата на Балканот, за епидемиолозите ситуацијата e загрижувачка

Горјан Грнчаровски

Пакистанскиот министер за надворешни работи позитивен на коронавирус

А1он

Најголем број на смртни случаи од Ковид-19 евидентирани во Србија

А1он

Претседателот на Бразил стави вето на законот за задолжително носење маски

А1он