Вучиќ: Оваа зима ќе биде многу студена за сите нас

Од:

Оваа зима ќе биде многу студена за сите нас, а ако внимателно го слушавте претседателот на Русија Владимир Путин, следната ќе биде поларна за цела Европа, истакна денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.

На прес-конференцијата со претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, Вучиќ, на прашањето како го толкува утринскиот говор на претседателот на Русија, кој предупреди дека Европа и светот се соочуваат со катастрофа и како тоа може да влијае на нашата земја, рече дека не успеал да ја види целата експозиција, но дека сите ги очекува студена зима.

„Не можев да видам сè од презентацијата на Путин, но би го дефинирал на следниов начин. Оваа зима ќе биде многу студена за сите нас, а ако внимателно слушате, следната ќе биде поларна за цела Европа“, подвлече тој.

Вучиќ рече и дека му се чини дека никој не сака решение за украинската војна.

„Се плашам дека сите очекуваат пораз од другата страна, а не компромис. Ако навистина мислите дека лесно воено ќе ја победите Русија… Мора добро да се подготвиме за студената и поларна зима“, истакна тој.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Роналдињо до Вучиќ: Доаѓам на Експо, се гледаме наскоро!

А1он

Вучиќ изнесе пет барања на собирот „Нема да ја дадеме Србија“

А1он

Вучиќ: Нивната обоена револуција заврши – не можете да му ја скршите кичмата на српскиот народ

А1он