Вториот новинар на Ал Џезира осуден во Египет веројатно ќе биде протеран во Канада

Од:

Вториот новинар на Ал Џазира, Мохамед Фахми, кој е осуден во Египет и се наоѓа во затвор, најверојатно ќе биде протеран во Канада, тврдат каирските медиуми.

Фахми кој беше шеф на дописништвото во Каиро, на арапската сателитска телевизиска компанија од Катар, има двојно египетско-канадско државјанство.

Весниците предвидуваат дека тој ќе биде протеран од Египет, како странец и Канаѓанец, откако неговото египетско државјанство му е одземено.

Ваквото решение на египетските власти за ослободување на вториот новинар од осудената „тројка“ на Ал Џезира, доаѓа по декретот на претседателот на Египет, Абдул Фатах ал Сиси, издаден пред крајот на минатата година, со кој се регулира репатрацијата на затвореници- странци.

Египетската влада неодамна донесе мерки за спроведувањето на претседателскиот декрет, па врз таа правна основа вчера е пуштен на слобода и австралискиот новинар во Ал Џазира Питер Гресте, откако помина во затвор 400 дена. Тој од Каиро замина за Ларнака на Кипар,од каде отпатува за Австралија.

Засега не е познато каква ќе биде судбината на третитот осуден, продуцентот Бахер Мохамед, кој не може да се повика на странско државјанство,за да биде депортиран.

Според каирските весници, Мохамед единствено може да се надева да биде помилуван,како што тоа за сите тројца беше најавено во ноември минатата година.

Тројката на Ал Џезира беше осудени на високи затворски казни од судот во Каиро, во минатата година,за ширење на лажни информации,за соработка и за давање совети на забранетото Муслиманско братство, по тргањето од власт на исламистичкиот претседател Мохамед Морси.

Тие ги отфрлаа ваквите обвинувања,тврдејќи дека „само ја извршувале својата новинарска работа“, но Мохамед беше осуден на десет, а Гресте и Фахми на по седум години затвор.

Врховниот суд на Египет,на почетокот од оваа година,ги прифати жалбите на тројцата осудени и наложи ново судење.

Одлуката на судот се совпаѓа со обновата на односите меѓу Каиро и Доха,што беа прекинати по тргањето од власт на Морси и одбивањето на Катар да ја прифати новата египетска власт.

Пред крајот на минатата година,односите беа обновени,а делагации на Катар на високо ниво,престојуваа во египетскиот главен град,во обид да се надминат разликите меѓу двете земји. Во меѓувреме, Ал Џезира ја укина својата специјална програма за Египет, која прво се емитуваше од Каиро, а потоа од Доха, што во Египет се означуваше како „антиегипетска“.

Би можело да ве интересира

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

Египет бара формирање независна држава Палестина

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег