Втора недела од војната во Иран: Нови експлозии во Техеран, гранатирани се делови од аеродромот „Мехрабад“

Од:

Војната меѓу Иран и Израел влезе во втората недела, а конфликтот се проширува низ Блискиот Исток со зголемена неизвесност кога би можел да заврши. Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп побара „безусловно предавање“ од Техеран, додека израелските сили продолжуваат со интензивни воздушни напади.

Според информации од ирански официјални лица, во американско-израелските напади досега загинале повеќе од 1.330 цивили во Иран. Од друга страна, во Израел загинале 11 лица, како и шестмина американски војници. Податоците ги изнесе иранскиот амбасадор во Обединети нации, Сеид Иравани.

Жителите на Техеран сведочат за нови силни експлозии, при што биле погодени делови од аеродромот Мехрабад, еден од најпрометните во земјата. Иранските медиуми јавуваат дека нападите биле посилни од претходните, а сведоци тврдат дека експлозиите биле почувствувани во повеќе делови од градот.

Во исто време, експлозии и силни детонации биле пријавени и во други делови на регионот, меѓу кои Ерусалим, Дубаи, Бахреин и Саудиска Арабија, што укажува на пошироко регионално вклучување во конфликтот.

Американската војска соопшти дека во првата недела од операцијата наречена „Епски бес“ погодила повеќе од 3.000 цели и најави дека воените активности ќе продолжат со ист интензитет. Во меѓувреме, расте загриженоста дека конфликтот може дополнително да се прошири, додека цените на нафтата на светските пазари бележат значителен раст.

Би можело да ве интересира

Стармер до Трамп: Ова не е наша војна – Велика Британија нема да испраќа трупи во Иран

А1он

САД планираат најризична операција во Иран: Упад на специјалните сили и екстракција на ураниум

Хусеин: Ирак не дозволува неговата територија да се користи за напади врз соседните земји

Над 6.000 повредени во Израел

Иран најави конфискација на имот и можни смртни казни за „странските платеници“

Трамп се заканува со тотално уништување во Иран: Сè ќе експлодира