Започна вториот круг од преседателските избори во Чешка. Околу 8,4 милиони избрирачи ќе одлучуваат дали земјата ќе продолжи да ја води досегашниот претседател Милош Земан или независниот кандидат Јири Драхош.
Во првиот круг од изборите, Земан освои 38,6 отсто од гласовте, а Драхос 26,6 проценти.
Фокусот во кампањата на Земан беше спротивставувањето на миграцијата и заложбата за референдум за излез на земјата од ЕУ, иако вели дека лично тој го поддржува членството Унијата.
Јили Драхош е професор по хемија и два пати бил претседател на Чешката академија за науки. Тој е нов во политиката и сака да покрене тренд за поларизација на чешкото општество.
Анкетите предвидуваат тесна трка.