Втор американски сенатор се зарази со Ковид-19

Од:

Републиканскиот сенатор Бил Касиди соопшти за американските медиуми дека е позитивен на тестот за проверка на коронавирус, со што стана вториот сенатор во САД кој е заразен со вирусот.

Во неговата изјава сенаторот рече дека тој стриктно ги следи насоките кои му ги даваат лекарите и ги охрабрува сите да направат ковид тест.

Тој се тестираше вчера откако дозна дека претходно имал средба со лице кое било инфицирано.

Неколку сенатори мораа да останат во карантин откако беа изложени на луѓе заразени со вирусот. Сенаторите од Демократската партија Тим Кејн и Боб Касеј изјавија дека имаат изградено антитела, укажувајќи дека претходно тие биле изложени на вирусот, но дека се уште не се тестирани.

Американскиот Сенат се распушти минатата недела и не се очекува да работи до 8 септември.

Би можело да ве интересира

Авионска несреќа во САД: Има голем број луѓе повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Драма во САД: Итно активирани ловци Ф-16

Горан Наумовски

Иран: Ќе размислиме за разговори со САД освен ако тие не сакаат да ја уништат нашата нуклеарна програма

(ВИДЕО) Прогласена е вонредна состојба на Лонг Ајленд

Горан Наумовски

Зеленски: Мировните преговори меѓу Украина и САД ќе се одржат во Саудиска Арабија следната недела

Орбан: Блиску сме до договор за економска соработка со САД