Вселенскиот телескоп Кеплер остана без гориво

Од:

Вселенскиот телескоп Кеплер остана без гориво и по 9,5 години долга мисија, при која откри илјадници планети надвор од Сончевиот Систем и покрена истражување на светови со можен вонземски живот, се пензионира, објави НАСА.

Кеплер сега кружи околу Сонцетот и е оддалечен од Земјата околу 156 милиони километри. Телескопот на својата мисија откри многу планети кои имаат слични услови како на Земјата и тие планети се наречени „Земја 2.0“. Исто така, Кеплер покажа дека таквите планети се многу почести отколку што претходно мислеа научниците. Околу 20 до 50 ѕвезди на ноќното небо кружат околу скаларните планети со слична големина како и Земјата.

Телескопот откри повеќе од 2.600 планети околу орбитата на други ѕвезди.

Во меѓувреме, НАСА соопшти дека е пролонгирано покренувањето на новиот „Вселенски телескоп Џејмс Веб“ (Space Telescope James Vebb), кој ќе го замени Кеплер.

Системот за позиционирање на Кеплер се расипа во 2013 година, околу четири години по лансирањето, но научниците успеаја да пронајдат начин да го одржат во функција. Но, телескопот сега нема гориво за нови задачи.

Чарли Собецк од НАСА истакна дека летот на Кеплер траел подолго отколку што било планирано.

Кеплер е лансиран на 6 март 2009 година, а неговата задача беше да утврди дали земјовидните планети со можност за живот се вообичаени или ретки во нашиот систем.

– Кеплер на човештвото му ја отвори вратата за истражување на Вселената, наведе Вилијам Боруцки од НАСА.

За откривање на егзопланети Кеплер го користеше методот наречен транзитна фотометрија. Новиот ловец на егзопланети, сателитот ТЕСС, лансиран е во април годинава.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ