Рускиот вселенски брод „Сојуз ТМА-10М“ денеска успешно се спои со Меѓународната вселенска станица (МВС), јави ИТАР-ТАСС.
На бродот се космонаутите на Роскосмос, Олег Котов и Сергеј Рјазански и астронаутот од НАСА, Мајкл Хопкинс.
Тие треба во Вселената да минаат пет и пол месеци, а ќе им се приклучат на Русинот Фјодор Јурчихин, Италијанецот Лука Пармитано и Американката Карен Најберг, кои во моментов веќе се наоѓаат на МВС.
Прикачувањето на бродот на МВС беше извршено по скратена шестчасовна постапка.