Врховниот суд на Венецуела го прогласи раководството на Парламентот за нелегитимно

Од:

Врховниот суд на Венецуела го прогласи за нелегитимно раководтсвото на Парламентот што е единствената државна институција под контрола на опозицијата и не го признава од своја страна, вториот мандат на претседателот Николас Мадуро.

„Парламентот со кој претседава опозиционерот Хуан Гуаидо нема валидно раководство и дејствува со узурпирање на власта. Поради тоа, сите негови одлуки се невалидни, се вели во одлуката на Врховниот суд.

Судот ја прогласи и за невалидна одлуката на Парламентот од 15 јануари да даде амнестија на војници кои не го признаваат вториот мандат на Николас Мадуро.

Неколку денови пред стапувањето на функција, Парламентот соопшти дека е нелегитимна владата предводена од шефот на државата. Мадуро положи заклетва на 10 јануари за втор шестгодишен мандат пред Врховниот суд, а не пред Парламентот како што е предвидено со Уставот.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски