Врховниот суд на Венецуела го блокира обидот на опозицијата да го собори претседателот социјалист Николас Мадуро, скратувајќи му го мандатот од шест на четири години.
Судор се произнесе дека предложената законодавна промена не противречи на Уставот, но не може да биде применета неодложно или со обратна сила, т.е. не може да биде применета за Мадуро.
Венецуелската опозиција, која победи на парламентарните избори во декември минатата година и првпат во 17 години има мнозинство во Националното собрание, се обидува да го собори Мадуро преку промени во уставот или преку референдум.