Врховниот суд на САД ќе прави претреси преку конференциска врска

Од:

По паузата од неколку недели поради епидемија од коронавирус во земјата, Врховниот суд на САД ќе почне со работа, но судските рочишта ќе ги изведува преку конференциска врска, јавија од Судот денеска.

Во првата половина на мај, Судот има намера да претресе десет случаи, преку „телефонска конференција“, што значи ќе има само тон без слика.

-Аудиото ќе биде споделено со медиумите, се вели во соопштението.

Меѓу овие случаи се и три високопрофилни случаи, како оној дали претседателот Доналд Трамп има право да не открива лични и бизнис-финансиски податоци, како даночни пријави, кои засега остануваат затворени за неколку истраги на конгресни и државни обвинители.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја