Врховниот суд на САД го поддржа Трамп околу нелегалните мигранти

Од:

Врховниот суд во САД денеска одлучи во полза на  американскиот претседател Доналд Трамп во врска со прашањето на нелегалните мигранти, олеснувајќи ѝ на неговата администрација брзо да ги депортира луѓето кои немаат дозвола за престој во државата.

Судиите, со седум гласа „за“ и два „против, донесоа одлука во корист на администрацијата на Трамп, која се однесува на нејзината жалба против пресудата на судот од пониска инстанца дека земјоделецот од Шри Ланка, Вијајакумар Тураишигиам, има право федералниот суд да ја преиспита владината одлука за неговото барање за азил.

Одлуката, напишана од конзервативниот судија Семјуел Алито, вели дека ограничувањето на судскиот преглед на неговата брза депортација не ги крши клучните уставни одредби за заштита на слободата на поединецот.
Како што пренесуваат агенциите, со овој чин судиите ја обезбедија победата на Трамп за едно важно прашање за него во изборната година.

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Обвинителите се откажаа од случајот против Трамп поради напорите за поништување на изборните резултати

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Трамп планира да ги исфрли сите трансродови луѓе од војската на првиот ден на функцијата пишува „The times“

Катерина Ѓуровски

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот