Врховниот совет за безбедност на Иран го потврди прекин на огнот

Од:

Врховниот совет за национална безбедност на Иран денес објави дека одлучил да ја заврши војната со Израел.

Иранските вооружени сили дале „понижувачки и соодветен одговор на суровоста на непријателот“, се вели во соопштението, додавајќи дека ова кулминирало со нападот врз американската база во Катар синоќа и ракетните напади врз Израел во зори, објави Ал Џезира.

Советот соопшти дека Техеран одговорил на нападите на своја територија пропорционално и навремено и „го принудил непријателот да се покае, да го признае поразот и еднострано да ја запре својата агресија“.

„Вооружените сили на Исламската Република Иран, без никаква доверба во зборовите на непријателот и со прстот на чкрапалото, се подготвени решително и одвраќачки да одговорат на секој чин на прекршување од страна на непријателот“, соопшти Врховниот совет за национална безбедност на Иран.

Би можело да ве интересира

САД ги предупредуваат сојузниците да се подготват за можни напади врз Иран по изборите

Бен-Гвир повикува на освојување на цела Газа и преселување на Палестинците во Франција и Британија

Војната со Иран ги чинела САД над 47 милијарди долари, Пентагон пресметува нови трошоци

„Волстрит џурнал“: САД се подготвуваат за можен краток, но интензивен воен судир со Иран

Горан Наумовски

Истрага на ОН: Израел продолжи да врши геноцид во Газа дури и по примирјето

Хамнеи: Иран продолжува да управува со Ормутскиот теснец