Врховната рада изгласа пакет антируски мерки

Од:

Украинскиот Парлемент со 224 гласови „за“ денеска го усвои предлог-законот, кој содржи пакет антируски мерки.

Согласно предлогот, Советот за безбедност и одбрана на Украина ќе има право да блокира банкарски сметки, да ограничува трговски операции, целосно или делумно да го прекине транзитот на ресурси, на прелети и превоз низ украинска територија, да ги активира економските и финансиски задолженија, да ги анулира лиценците.

Предлог-законот предвидува и ограничување на влез на бродови во територијалните води или пристаништа на Украина, забрана за прелети над воздушниот простор на земјата, како и забрана за слетување во Украина.

Предвидено е и правото да се прекинат трговските  договори, проекти од индустријата и од сферата на безбедноста и одбраната. Се предлага и прекин на културна размена, научна соработка, образовна и спортска соработка, неиздавање на визи за странски државјани, анулирање на официјални посети и седници, преговори за договори.

Пред гласањето украинскиот премиер Арсениј Јацењук предложи да се исклучи забраната за поштенските услуги и мерките за ограничување на медиумите и печатените изданија.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци