Вработените во метротото во Сао Паоло нема да одржат штрајк на денот на отварањето на Мундијалот

Од:

Вработените во метрото во бразилскиот град Сао Паоло одлучија да не го продолжат штрајкот, кој би предизвикал проблеми во движењето на фудбалските навивачи, кои денеска ќе го проследат натпреварот на отварањето на Светското првенство во фудбал.

По петте дена штрајк, кои предизвикаа хаос во 20-милионскиот мегалополис, вработените во метрото одлучија да не го продолжуваат штрајкот и покрај тоа што властите не ги исполнија нивните барања да бидат вратени на работи 42-ца нивни отпуштени колеги.

– Застанавме пред една многу силна Влада и го парализиравме најголемиот град во Латинска Америка. Добивме значително зголемување на платите, но решивме да запреме, изјави претседателот на синдикатот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата