Вработените во Фејсбук можат да читаат се

Од:

Иако во последно време приватноста на корисниците на „Фејсбук“ значително е подобро заштитена отколку на почетокот, сепак се уште постојат одредени нејаснотии околу тоа кој се може да ги користии информациите поставени од корисниците.

Се зборува дека вработените во оваа социјална мрежа можат да „душкаат“ низ профилите на било кој, а некои од нив се отпуштени заради споделување на лични информаации и кршење на правата на корисниците.

Една од првите вработени во оваа компанија Кетрин Лос објави книга наречена „Момчето крал – патување до срцето на социјалната мрежа“, во која открива многу тајни за фејсбук.

Таа признава дека во почетокот сите вработените во „Фејсбук“ имале т.н. „главна лозинка“ со која можеле да влезат во било кој профил.

Лосе вели дека за да ја користиш оваа лозика треба да си внатре во зградата на компанијата и многу е мала опасноста да се прошири надвор, но сепак таа се изненадила кога и ја дале без да проверат дали таа е соодветна личност за тоа.

„Можеби сум некој „луд шпион“ кому сешто му паѓа на памет“, вели таа.

Според нејзините информации, две лица веќе биле отпуштени поради злоупотреба на оваа лозинка.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он