Тројца напаѓачи го претепаа рускиот ММА борец, Дмитриј Кузнецов, сред улица во Москва.
Инцидентот се случил на 13 декември во населбата Бибирјево, но за тоа не се знаело ништо, бидејќи Кузнецов не го пријавил нападот во полиција.
Непријатниот настан излезе на виделина откако на интернет се појави снимка од надзорна камера која откри што се случило.
Кузнецов беше во друштво на девојка, која од автомобилот изнесуваше платно за сликање. Очигледно е дека ММА борецот не ги испровоцира напаѓачите, кои го нападнаа без причина.
Кузнецов го возврати ударот, но потоа беше соборен на земја и беше претепан.
Тој за медиумите изјави дека повредите не се сериозни.
Неговата девојка исто така се здобила со повреди.
Следната борба на Дмитри Кузнецов е закажана за 28 декември.