Објавени снимки од апсењето на познатиот српски ММА борец кој е еден од трите најголеми криминалци во Шпанија

Од:

На почетокот на годината во Палма де Мајорка беа уапсени Стефан Милојевиќ, синот на поранешниот фудбалер Горан Милојевиќ и братучед на поранешниот тренер на црвено-белите, Владан Милојевиќ.

Поранешниот фудбалер и ММА борец оттогаш е во затвор, а постои сомневање дека тој е водач на моторџиската банда „Јунајтед трибјунс“ основана во Германија.

Неодамна беше објавен документарец во Шпанија, кој открива како поминало неговото апсење.

Станува збор за документарец на медиумската куќа „ДМАКС“ во кој Милојевиќ е претставен како еден од тројцата најголеми криминалци кои „паднаа“ во Шпанија.

На видеото се гледа како полицијата упаѓа во неговиот стан во Мајорка и го наоѓа со девојче, а додека го претресуваа неговиот стан – Стефан Милојевиќ стоеше мирно и одговараше на прашањата на инспекторот. Тој рече дека зборува англиски и дека е од Германија, потврдувајќи дека бил ММА борец.

При претрес полицијата во становите на Милојевиќ пронајде поголема количина пари, наркотични средства, како и полициски значки и униформи.

Неофицијално, Милојевиќ бил претседател на моторџискиот клуб „Јунајтед трибјунс“, кој обезбедувал клубови и бордели во Шпанија, и на тој начин тие наводно вметнувале свои луѓе кои тргувале со дрога.

Би можело да ве интересира

Убијците чекале две години за да му се одмаздат на српскиот репрезантивец и ММА борец

Путин ми уплати 150.000 долари, тврди американски ММА борец

Јутјубер претепа ММА борец и му понуди реванш од десет милиони долари

Горан Наумовски

Најбрзиот нокаут некогаш виден во ММА светот: Наместо поздрав, по две секунди доби удар во глава

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: На мексикански ММА борец од ударите му експлодира увото

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: ММА шампион дави човек сред улица: Го заспав со „гилотина“, па се јавив во полиција

Предраг Петровиќ