На интернет се појави нова ужасна снимка од австралискиот терорист Брантон Тарант кој е еден од напаѓачите во џамијата во Крајстчерч, Нов Зеланд.
https://www.youtube.com/watch?v=dTHFtUcHJT4
Во нападот загинаа најмалку 49 лица. Австралиските медиуми наведуваат дека најголем дел од жртвите се мигранти и бегалци.
Во џамијата, на молитва била и целата крикет репрезентација на Бангладеш, која требала утре да игра против Нов Зеланд, но американските медиуми посочуваат дека никој од нив не е застрелан. Натпреварот е откажан.
Неименуван сведок за Си-Ен-Ен рече дека успеал да го скрши прозорецот од џамијата и така побегнал. Тој бил во тоалетот кога се случил нападот.
Новозеландската полиција апелира на граѓаните да не го споделуваат видеото кое убиецот го сними за време на смртоносниот поход.
– Работиме на тоа да ја отстраниме снимката од сите социјални мрежи, велат од полицијата.