(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Мајка на три деца се удави додека со сопругот се сликаа крај разбеснето море

Од:

Индијка, мајка на три деца, се удавила пред очите на своето семејство откако ја однесе бран додека се фотографираше со сопругот. Џиоти Сонар (32) и нејзиниот сопруг Мукеш се гледа како седат на карпа на популарното шеталиште Бандра Бендстанд во Мумбаи.

Тие се смееја и се држеа додека морето беснееше зад нив, надевајќи се дека ќе добијат добра фотографија. И покрај тоа што беа обземени од брановите, тие не се повлекоа на брегот.

Во еден момент голем бран ги повлече во морето, додека некој од брегот ја снимаше ужасната сцена.

На вознемирувачката снимка се слуша како детето извикува „мамо, мамо“, пред да заврши клипот.

Нејзиниот сопруг е спасен, а мајката се удави во водата, пренесува The Sun.

Очевидци повикаа полиција по инцидентот и веднаш е започната спасувачка акција.

Телото на несреќната жена е пронајдено 20 часа подоцна. Таа била пренесена во болница каде била констатирана смрт.

Нејзиниот сопруг рече дека направил се за да ја спаси.

“Кога удри четвртиот бран изгубив рамнотежа и двајцата се лизнавме. Случаен минувач ме фати за ногата и се обидов да стигнам до неа, но не можев”, рекол нејзиниот сопруг.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Русија: 40 лица се удавија, меѓу кои и деца

Трагедија во Србија: Едногодишно девојче се удави во гумен базен

Горан Наумовски

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати

Маж од Неготино се удави во Охридското Езеро