(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Хорор во Марсеј: Полицијата уби маж, извикуваше „Алах Акбар“ и повреди неколку лица со нож

Од:

Тунижанец, кој бил под судски надзор нападна најмалку четири лица во хотел во центарот на Марсеј пред да биде застрелан од полицајци на кои им се закани, објавува „Ле Фигаро“. Мажот повреди неколку лица со нож пред да биде неутрализиран од полицајци во центарот на Марсеј.

Според францускиот весник, избувнала расправија меѓу напаѓачот и персоналот на хотелот каде што престанал да плаќа кирија.

Осомничениот, туниски државјанин под судски надзор со забрана за носење оружје, според извор близок до истрагата, нападнал четири лица, вклучувајќи го менаџерот на хотелот, како и еден клиент, пред да излезе на улица и да им се заканува на полицајците.

Според еден извор, три жртви моментално се во тешка состојба, додека четвртата е во релативна добра состојба.

Сите се повредени од долг нож и им е укажана помош.

Disclose.TV, објави и видео од ужасниот настан, каде напаѓачот извикал „Алах Акбар“.

Би можело да ве интересира

Тардиф: Мора да бидеме подготвени за руски шокантен напад врз НАТО

Трамп бесен на Франција и Италија: Ќе го запаметиме ова

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Мандон: САД станаа непредвидлив сојузник

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз