68-годишната Елизабет Сквајер од Австрија била нападната од ајкула во познатото египетско летувалиште Хургада, пишува „Дејли мејл“.
Жената, вчера вечер, била префрлена во болница со тешки повреди, но и покрај напорите на лекарите, починала.
Жената била мажена за Еѓипќанец и живеела во Хургада, а целиот инцидент се случил во близина на познат хотелски комплекс.
Според пишувањата на „Дејли мејл“, плажата веднаш била затворена на три дена затоа што инцидентот се случил додека на плажата имало голем број посетители.
Српскиот нуркач Раденко Чалиќ, кој се наоѓа во ова познато одморалиште, за Телеграф.рс вели дека несреќната жена најверојатно ја каснала тигар ајкула.
– Бидејќи ајкулата и ги одгризала раката и ногата на жената, според степенот на повредите можеме да претпоставиме дека се работи за мако или тигар ајкула. Ја однеле во болница, но набрзо починала – вели Раденко за српскиот портал.
Тој додава дека целиот инцидент се случил синоќа околу 19 часот, во време кога во овој дел од морето во голема мера е забрането пливањето.
– Колку што слушнав, таа била во плитко и нуркала, вели тој.
– Туристите фрлаат храна која привлекува предатори и тоа е со причина забрането. Неодамна во овие води се појавија и големи туни кои ги ловат рибарите. Се претпоставува дека во тоа време рибарите ја чистеле рибата што ја уловиле и ја фрлале утробата во водата и дека тоа ја привлекло ајкулата – објаснува Раденко.
Уште еден нуркач настрада во мај
Тој вели дека сличен инцидент во мај се случил во Египет.
– На еден нуркач тигреста ајкула му го одгриза рамоти и тој починал, вели Раденко.
Mısır tatil beldesi Sahl Hasheesh bölgesinde köpek balıkları turiste saldırdı. Hastaneye kaldırılan kişi öldü. Son 2 hafta boyunca köpek balıkları sahil kesimlerine yuva yapmaya başladı. Bir çok sahil kesimlerinde çok sayıda köpek balığı sürüsü görülmeye başlandı#Planetx #nibiru pic.twitter.com/ftKkn03pD3
— Reptilian Planet (@reptilianplanet) July 1, 2022
Во меѓувреме на интернет се појави снимка од инцидентот на која се гледа како луѓето од брегот го гледаат нападот и нешто и викаат на жената, но никој од нив не се осмели да влезе во водата. Водата околу жената цело време беше црвена од крв.