(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Го крена 18-месечното дете и со сета сила го фрли на подот – Белорусин ќе одговара за обид за убиство

Од:

Беспомошното мало дете – за кое се верува дека е бегалец од Иран, со сета сила е фрлено од извесен Белорусин во салата за пристигнувања на аеродромот „Шереметјево“ во Москва и сега се бори за живот во болница.

18-месечното момче е во кома откако претрпе скршеница на черепот и повреди на ‘рбетот во нападот кој е снимен со камери за надзор.

Детето стоело до куферот додека неговата бремена мајка ја земала количката од персоналот.

Човекот, белоруски турист по име Владимир Витков (31), кој самиот има дете на иста возраст, може да се види како одеднаш го фаќа момчето, а потоа го фрла на подот на московскиот аеродром.

Напаѓачот наводно проверил дали некој го гледа пред да се отиде напред, да го зграби детето и силно да го фрли на подот во зоната за пристигнувања на најпрометниот руски аеродром во Москва, кој опслужува повеќе од 40 милиони патници и повеќе од 300.000 авиони годишно.

Момчето штотуку пристигнало во Русија, бегајќи од Иран со својата мајка, преку тешката рута низ Авганистан, според руските медиуми.

Осомничениот пристигнал во Москва од Кипар или Египет истиот ден.

Тој е уапсен на лице место, а тестот на крвта покажал траги од канабис. Сега се соочува со обвинение за обид за убиство.

Според Истражниот комитет на Русија, човекот не можел да ги објасни своите постапки. Кога полицајците го прашале дали претходно имал проблеми со законот, тој одговорил: „Направив некои грешки“.

Според локалните медиуми, Витков има ќерка на иста возраст како момчето што го фрлил на подот. Неговата пријателка рекла дека била шокирана од неговите постапки.

Би можело да ве интересира

„Кориере дела Сера“: Иранската револуционерна гарда тврди дека уби 40 и рани 70 американски војници во базата во Дубаи

Израел: Бомбардирана e претседателската палата во Техеран

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

Арачи: Американците признаа – влегоа во војната поради Израел

Виткоф: Иран има доволно ураниум за 11 нуклеарни бомби

А1он

Кој може да биде новиот врховен лидер на Иран?

А1он