Во концертната сала Батаклан во Париз се случи најголемиот масакр, каде џихадистите убија 120 луѓе.
Заложниците бегаат на улица по терористичкиот напад, но се пука и на нив додека трчаат. Дел се убиени, останаа да лежат, а сите ги прескокнуваат телата на убиените и ги влечат.
На снимката која е направена од жител на Париз кој живее до салата се гледа како девојки висат на зградата и се качуваат на еден од прозорците на блиската зграда.
Голем дел од заложниците, избегале на покривот на концертната сала, од каде потоа скокале во еден од приватните станови преку прозорецот.