ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

Од:

Најмалку пет лица останаа затрупани под урнатините кога денеска се урна четирикатница во Турција, соопштија турските власти.

Се уште не е позната причината за уривањето на зградата во градот Коња, кој се наоѓа на околу 260 километри југоисточно од главниот град Анкара, пренесе АП.

Две лица се извлечени од урнатините со повреди, јави приватната новинска агенција ДХА.

Гувернерот на Коња, Ибрахим Акин, рече дека пет членови на едно семејство најверојатно се уште се заробени под зградата.

Тимот за одговор при итни случаи, испратен на местото на несреќата користи специјални уреди за слушање за да ги лоцира можните преживеани, додава DHA.

Пред 21 година, во Коња се урна станбена зграда од 12 ката, при што загинаа 92 лица, а околу 30 други беа повредени.

Структурните недостатоци и негрижата беа посочени за колапсот во тоа време.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“