Вознемирувачки фотографии од изгорени бебиња: Нетанјаху објави се, тврди дека се жртви на Хамас

Од:

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави фотографии од мртвите и изгорените тела на бебиња за кои тврдат дека се жртви на Хамас.

„Хамас е нехуман. Хамас е ИСИС“, соопшти канцеларијата на Нетанјаху во објавата на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер).

Имајте предвид дека фотографиите се крајно вознемирувачки и се наоѓаат на следниот линк.

Објавени се три фотографии на кои се гледаат две бебиња чии тела биле изгорени до непрепознатливост. Третото тело е обоено со крв.

Во изјавата на Нетанјаху се вели дека сликите се дел од фотографиите што Нетанјаху ги покажа на американскиот државен секретар Антонио Блинкен за време на неговата посета на Ерусалим.

Потсетуваме, израелските, а потоа и светските медиуми објавија дека во Кибуцот Кфар Аз биле откриени тела на цивили, меѓу кои и останки на деца и бебиња.

Би можело да ве интересира

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“

Медицински работници и пациенти се ранети во најновиот израелски напад на Газа

Нетанјаху за време на посетата на Газа: Израел ќе инсистира да го уништи Хамас

За шест месеци во Газа загинаа повеќе од 50.000 луѓе

Хамас го отфрли израелскиот предлог за прекин на огнот

Хамас: Ќе ги ослободиме сите заложници во замена за крајот на војната во Газа