Возењето електричен автомобил носи заштеда од 190 евра месечно, покажуваат податоци

Од:

Последните податоци од Велика Британија покажуваат дека префрлањето на електричен автомобил носи големи заштеди во потрошувачката на гориво (електрична енергија) и сервисирањето.

Според информациите објавени од одделот за финансии на Фолксваген во Велика Британија, годишните трошоци за одржување и работа на електричниот автомобил се за 70% пониски од возило со слични димензии што се напојува со бензин или дизел.

Како пример, земете возач кој вози 15.000 милји (24.140 километри) годишно, а во автомобил на бензин, неговите годишни трошоци (гориво, одржување, данок) изнесуваат 2.655 фунти (3.147 евра), додека тој износ за електричен автомобил е само 722 фунти (856 евра). Тоа значи дека годишната заштеда е 2.291 евро или 190 евра месечно. Заштедите се нешто помали во споредба со дизелот, чии годишни трошоци за одржување се 2.358 фунти (2.795 евра), но повторно возачот на електричен автомобил троши 1.636 фунти помалку (1.939 евра), или 161 евро месечно.

Ова истражување покажа дека помалите трошоци за работа и одржување се една од главните доблести на електричните автомобили, а 72% од испитаниците рекле дека би се префрлиле на електрични возила доколку не се толку скапи.

Би можело да ве интересира

Првиот македонски електричен автомобил на „Еколог“ го нема: „Дестани ме исфрли од “Некст е.ГО’, фирма која јас ја основав“

A1on

Речиси една десетина од продадените автомобили во Франција во 2021 година биле електрични

А1он

Харис демонстрираше како се полни електричен автомобил и порача изградба на 500.000 станици за полнење

А1он

Форбс: Електричните автомобили од Кина ќе доминираат на светскиот пазар

А1он

Само еден процент од возилата на патиштата во Европа во 2018 година биле електрични

Ана Ололовска

Првиот македонски електричен автомобил ЗАС Г20 на страниците на „Њујорк тајмс“

Ана Ололовска